Тарчуловски: Докажав дека сум невин!

Од:

Јохан Тарчуловски на својот профил на социјалната мрежа Facebook напишал:

Не мислам дека овие години поминати во притвор се изгубени за мене, научив многу вистини овде, научив да не брзам, да бидам трпелив и да го ценам она што го имам.

-Трагично и жално е што некои болни умови преку изведување на терористички напади и убиства на цивили, војници и полицајци се бореа за политички функции. Чесен суде, ние Македонците сме мирен народ, секогаш и на секого сме спремни да му помогнеме кога му е најтешко, ниту еден Македонец не го посакуваше тоа што се случи во 2001 година, напишал Тарчуловски на Facebook.

Тарчуловски пишува дека и докажал на јавноста дека не сторил никакво кривични дело насочено против цивили. Тој вели дека според него, не бил законски уапсен, и веднаш знаел дека нема да добие фер судење.

– Сакам да се заблагодарам што ми беше дадена прилика мене и на мојот адвокатски тим да покажеме и докажеме дека не сум сторил никакво кривично дело, кое е насочено против цивили или цивилни објекти. На почетокот незаконски и непотребно бев уапсен и се сомневав дека ќе добијам фер и праведно судење, пишува Тарчуловски, пренесува Вечер.

Јохан им се заблагодарува и на најблиски за нивната поддршка и љубов, која како што вели „за мене е моето најголемо духовно богатство. Се во животот се случува поради некоја причина. Не мислам дека овие години поминати во притвор се изгубени за мене, научив многу вистини овде, научив да не брзам, да бидам трпелив и да го ценам она што го имам. Со проширувањето на мојата фамилија мојот живот доби сосема поинаков смисол“.

Според најавите Тарчуловски кон средината на март треба да биде пуштен од германскиот затвор, каде издржува дванаесет години затворска казна.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска