Таравари: Успешно извршена нова – петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и прва баријатриска интервенција на Клиника за дигестивна хирургија

Од:

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција информираше дека успешно е извршена трансплантација на црн дроб и бубрези, земени се и материјали за коскени ткива.

Тој им се заблагодари на сите здравствени работници кои, и покрај бројните предизвици, продолжуваат да постигнуваат резултати.

-Благодарност на семејствата, кои во најтешките моменти на загуба, покажуваат големина и хуманизам, благодарение на што се спасуваат човечки животи, а се подобрува и квалитетот на живот на пациентите. Огромна благодарност и за сите здравствени работници, вклучени во овој процес кој траеше речиси 48 часа, посочи министерот Таравари на денешната прес-конференција, заедно со директорот на ФЗО, Сашо Клековски, директорот на Дигестивна клиника, проф. д-р Огнен Костовски, проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, деканот на Медицински факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ, како и доктори од тимовите за трансплантација

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, проф. д-р Огнен Костовски, информираше дека на Клиниката за дигестивна хирургија на 12 и 13 март се извршени две сложени интервенции: успешно е трансплантиран црн дроб и два бубрега од кадаверичен дарител, а дополнително се експлантирани коскени ткива и лигаменти. Станува збор за петта трансплантација на црн дроб во Македонија – додаде Костовски.
Тој посочи дека иако јавноста беше фокусирана на несреќата во Кочани, екипите во Скопје тивко, но посветено, продолжија со работа, успешно изведувајќи интервенции кои спасуваат животи.

Исто така, на Клиниката за дигестивна хирургија е направена првата баријатриска интервенција кај пациент со зголемена телесна тежина која е целосно покриена од буџетот на Фондот за здравствено осигурување. Станува збор за пациент кој тежел 130 килограми, а кому индексот на телесна маса изнесувал 40.

Националниот координатор за трансплантација, професорката д-р Билјана Кузмановска, потсети дека зад секоја статистика стојат човечки приказни.

– Тие што донираат се тивки херои. Ние сме тука да им дадеме признание, бидејќи тие го продолжуваат животот на другите – рече таа, посочувајчи дека нституциите соработуваат со странски здравствени системи за едукација на кадарот, со цел зголемување на капацитетот на домашните тимови

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека Фондот од јули досега има испратено пет пациенти во странство за трансплантација од жив донор. Целта, е во Македонија да се достигне просек од 10 трансплантации, годишно, со живи дарители.
Проф. д-р Антовиќ посочи дека кога станува збор за трансплантација од жив донор, се зема половина црн дроб од здрав човек, најчесто некој од семејството на пациентот, додавајќи дека тоа е сложена процедура. За таа цел, во завршна фаза е набавката на нов микроскоп, кој е клучен за сложени интервенции кај жив дарител.

Би можело да ве интересира

(ИНТЕРВЈУ) Каја Шукова за визијата за Скопје: 72 часа се мит, 2028 е реалност

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Михајловски: Очекуваме поголем број на советници кои ќе го направат Штип подобро место за живеење

Свеќаровска: Градот не се улиците и зградите, градот сме ние, луѓето

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Перјаницата, чии колумни ги споделува целото раководство на СДСМ, порачаа дека било штос моето распарчено тело да го спакувале во куфер

Предраг Петровиќ