Таравари се сомнева дека годинава ќе има попис

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари се сомнева дека годинава ќе се одржи попис. За него е нејасна методологијата за попишување и нема да оди на дебатите, бидејќи, како што вели, на нив мнозинството градоначалници застапуваат партиски ставови.

Сомнежот дека попис оваа година нема да има, Таравари го искажа во одговорот на новинарско прашање дали добил покана за учество во најавените дебати. Прашан на што го темели сомневањето, посочи дека роковите се кратки за да се исполнат условите, а нејасна е и методологијата.

– Попис треба да има, тоа сум кажал повеќе пати и стојам на тој став. Меѓутоа имаме повеќе забелешки на методологијата. Не можам да го разберам ниту директорот државниот завод за статистика кој во неколку наврати различно зборува. Од тие причини, имам лични дилеми дека пописот ќе се одржи оваа година. Еве, веќе сме февруари, а подготовките за ваква значајна операција не се почнати, рече Таравари, нагласувајќи дека тоа е негов личен став.

Дебатите за пописот на кои се поканети градоначалниците ги смета за некорисни. На нив нема да оди, бидејќи во ЗЕЛС мнозинството се кадри на СДСМ и предлозите на опозициските градоначалници нема да се прифатат.

– Добивме покана од ЗЕЛС, но таму од 85 градоначалници, само петмина не се од СДСМ. Па така, бадијала ќе дебатираме, кога нашите сугестии и предлози не се прифаќаат. Јас веќе година и пол ги игнорирам нивните седници, така ќе биде и со оваа. На оваа тема ќе дебатираме, но во ЗЕЛС не, објаснува гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли