Таравари: Од утре ќе се разгледува проектот „Мој термин“

Од:

Промени во проектот „Мој термин“ на Министерството за здравство, односно само награди наместо казни за докторите, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на одбележувањето 25 години од Лекарската комора на Македонија.

– Јас сум за промени во Мој термин, а веќе утре ќе имам состанок со претставниците на Мој термин. Учинокот ќе остане, а нема да има негативен учинок. Платата ќе си биде 100 проценти, а ќе има и наградени доктори, односно тие што ќе бидат најуспешни, најави Таравари.

Наградите за докторите, според него, треба да се обезбедат од парите од вторите директори на клиниките за кои, како што рече, тие места треба да се укинат и средствата да се пренаменат за неколку успешни лекари во болниците.

Министерот најави состанок на тим за креирање на стратегијата на лекарите која ќе биде Национална стратегија за здравството 2017-2020, која според него ќе биде уставот на лекарите.

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

„Мој Термин“ без одржување речиси 38 отсто од времето, со сериозни ризици за безбедноста

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски