Таравари најави започнување на шест инфраструктурни проекти

Од:

Започнаа работите за целосна реконструкција на големиот градски парк во Гостивар.

За да ги проследи одблизу работите, на самото место излезе градоначалникот Арбен Таравари, кој при оваа прилика најави дека наскоро ќе започне и асфалтирањето на пет улици на подрачјето во општина Гостивар.

„Како што гледате, веќе започнале работите за целосна реконструкцијата на големиот градски парк, што подразбира израмнување на земјиштето, уредување на патеките со бекатонски плочки, сечење на дрва во фаза на распаѓање и нивна замена со нови садници, садење на зеленило и слично, и тоа од двете страни на реката Вардар”, изјави за медиумите градоначалникот Таравари.

Работите за реконструкција на паркот ги врши јавното претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило”. Директор на претпријатието, Музафер Зулбехари информираше дека работите ќе завршат за околу еден месец, а вредноста на проектот е околу 30 илјади евра, средства обезбедени од самото претптирјатие.

Градоначалникот Таравари, исто така, најави дека со почетокот на пролетта ќе се работи интензивно за реализирање на разни инфраструктурни проекти, со посебен акцент, асфалтирање на пет улици во подрачјето на општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија