Таравари најави нови назначувања на директори на ЈЗУ

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека ќе бидат назначени шест до осум нови директори на неколку клиники и болници, а ќе има и други назначувања.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Министерството за труд и социјална политика посочи дека размислуваат за одредени директори кои ќе останат на директорските места.

– Уште не можам точно да кажам. Меѓутоа веќе размислуваме за одредени директори кои ќе останат. Можеби ќе бидат во периферијата, можеби во Клиничкиот центар. Се уште правиме консултации, додаде Таравари.

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години