Таравари му посака на Ахмети „убаво и мирно опозиционерство“

Од:

Конструктивност како опозиционер и консолидација на партијата, му посака денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, на лидерот на ДУИ Али Ахмети коментирајќи негова изјава дадена за коалицијата на која и припаѓа.

– Господин Ахмети вчера кажал дека ние од „Вреди“ имаме голем апетит за да бидеме во власта. Јас би му кажал дека господин Ахмети е возрасен човек, за мене и сериозен човек којшто 22-23 години е на власт, сега му треба малку одмор. Му посакувам здравје пред сѐ, а после тоа и конструктивност како опозиционер. Се надевам дека овој период ќе се обиде да ја консолидира партијата, да расчисти одредени кадри коишто му се веќе кородирани. 22 години да бидеш на власт коишто се вртат од една институција во друга е сосема доволно. Првиот тест ќе го имаме во 2025 година, тука се локалните избори, така што, нема друго што да кажам освен да му посакам убаво и мирно опозиционерство, одговори министерот на новинарско прашање.

Таравари денеска имаше средба со медиумски работници, на која информираше за плановите околу подобрување на здравствените услуги за граѓаните во државава, по што одговараше на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир