Таравари му одговори на Села: Седна во скутот на Ахмети

Од:

Останав конзистентен во политиката, влегов за да донесеме промени во албанскиот блок и тоа се случи, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој е лидер на едно од крилата на Алијансата на Албанците, коментирајќи ја изјавата на Зијадин Села, кој го предводи другиот дел од членството.

Села вчера изјави дека Таравари по директива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придонел за поделба на Алијансата за Албанците.

– Мислам дека многу конспирационо мисли. Не ми се допаѓаат тие параноидни идеи. Ние се знаеме девет години со него и мислам дека не му прилега тоа. Јас знам дека останав конзистентен во политиката, влегов за да донесеме промени во албанскиот блок и тоа се случи, додека г. Села, за жал, седна во скутот на г. Ахмети (Али Ахмети, лидер на ДУИ), рече Таравари.

Во однос на забелешките за албанското знаме во неговиот кабинет, Таравари рече дека во неговиот кабинет официјално има две знамиња како и во сите кабинети.

– Мали знамиња има на околу 20 држави, меѓу другите и албанското знаме секако, рече Таравари.

Би можело да ве интересира

Десет повредени од пожарот во Кочани се пуштени на домашно лекување

Горан Наумовски

Двојно е намален бројот на паценти во критична состојба по пожарот во Кочани

Катерина Ѓуровски

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Таравари: Добрата вест е што поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаја трагедијата во Кочани

А1он

Таравари: Дваесетина најтешко повредени од пожарот ќе се лекуваат во странство

А1он

Села: Тажно утро за сите, ја споделуваме болката со семејствата на жртвите

А1он