Таравари: Можно укинување на приоритетниот упат и воведување итен упат

Од:

Укинување на приоритетниот упат и воведување итен упат, е опција која ја најави министерот за здравство Арбен Таравари на средба со новинари.

Според него, голем број приоритетни упати се злоупотребуваат. Итен упат ќе може да се издаде само за фиксни дијагнози, како што се на пример мозочен удар, тумор на мозок, посериозни компликации…

Осврнувајќи се на Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин, Таравари информира дека ги добиле предлозите од сите клиники за времетраење на прегледот. Во следниот период таму каде треба ќе се зголеми времетраењето на прегледот.

Во врска со одржување на хигиената во скопските клиники и хируршките сали, рече дека се разгледува можноста за ангажирање надворешни фирми за нивно чистење.

– Дел од средствата ќе ги покрие Министерството за здравство, а дел самите клиники. Ако тоа е успешно во следните три четири месеци, тогаш ќе воведеме, како критериум, ФЗОМ буџетот што го дава на клиниките за хигиена да го пренасочи и хигиеничарките да се вработат во тие фирми, што е услов ако сакаат да склучат договор со Министерството. Одговорноста за целата хигиена во клиниките да биде на тие фирми, појасни министерот за здравство Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните