Таравари: Министерот Сухејл Фазлиу не пуштил ниту денар за Гостивар

Од:

„Во врска со изјавата на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу дадена за ТВ Арт Чанел, во емисијата „Уметноста на финансиите”, даваме до знаење дека проектот за реконструкција на патот од месноста “Сушички мост” до депонијата Русино, е проект спроведен од страна на Центарот за регионален развој на полошкиот регион во рамките на програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој, а не во некоја од програмите МЛС и Бирото каде што аплицираат општините.

Значи, станува збор за проект од заеднички интерес на деветте општини од полошкиот регион, што се имплементира во атарот на општина Гостивар, бидејќи таму се наоѓа регионалната депонија.

А што се однесува до проектната документација, тоа беше обврска на Центарот за регионален развој на полошкиот регион. Општина Гостивар активно помагала во подготовката на истиот систем и со истото комплетирање ги има издадено потребните дозволи за градба, во пропишаните рокови.

Повторуваме дека станува збор за проект од регионален карактер, а не за некој план што е од изолиран интерес само за граѓаните на Општина Гостивар“, се вели во демантот на Општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија