Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити

Од:

Додека лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари беше дел од коалицијата „Влен“ немаше логика да соработува со Демократската унија за интеграција. Во моментот кога одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Влен“, затоа што така се губи смислата на промената, и на тоа кој е позиција а кој опозиција, изјави вечерва еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Изет Меџити.

Според Меџити, многу јасно и видливо е дека Таравари е веќе дел од ДУИ.

– Во моментот кога Таравари одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Влен“, затоа што тогаш се губи смислата и на промената и на тоа кој е позиција а кој опозиција. Тој тоа треба да им го објасни на гласачите, но мислам дека всушност станува збор за обид да го смири членството, да „замаглува“ дека може да оди сам или може да соработува со „Влен“. Многу јасно и видливо е дека тој е веќе дел од ДУИ, изјави Меџити пред почетокот на состанокот на Централното претседателство на „Влен“, прашан за коментар во врска со најавата на Тараври дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со „Влен“.

Меџити потенцира дека во албанскиот кампус веќе нема други чинители, туку има само два блока – „Влен“ и Демократската Унија за Интеграција.

-Таравари избра да оди со ДУИ. Нека му е со среќа, ќе се соочиме на локалните избори во октомври, додаде Меџити.

Прашан дали со ВМРО-ДПМНЕ разговарале за заеднички настап на претстојните локални избори, Меџити одговори дека ќе си помагаат, но сепак ќе имаат свои кандидати за градоначалници.

-Историски од 90-тата до сега, секогаш бил принципот тие што владеат да си помагаат заедно на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои кандидати за градоначалници и „Влен“ ќе има свои кандидати за градоначалници. Свои листи за советници ќе имаат и едните и другите, но ќе си помагаме каде што ќе има потреба.Во вториот круг ние ќе имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со други политички партии, кои што се дел од власта од помалите заедници, рече Меџити.

На новинарско прашање како ги коментира дивоградбите во Чаир, Меџити одговори дека постојат над 500 илјади дивоградби на ниво на државата, а проблемот не постои од денес.

-Во однос на дивоградбите, ние имаме список на бројки. Постојат над 500 илјади дивоградби на ниво на државата, а Чаир е на средина на тој список. Треба да видиме како е во општините на ДУИ, да видиме како е во Сарај. Тој проблем не е од денес. Неколку пати е донесен законот за легализација на објекти, не може проблемот да се посочи само во Чаир, рече Меџити.

Тој напомена дека најголемиот проблем е хигиената во Чаир. Како што рече, и покрај тоа што граѓаните плаќаат комунална такса, хигиената во градот Скопје и во Чаир е на најлошо историско ниво.

-И покрај тоа што граѓаните плаќаат комунална такса, се соочуваат со нехигиена која што загрозува и здравјето и амбиентот. Градоначалникот не излезе да критикува или да води кампања, туку ангажираше приватна компанија затоа што јавното претпријатие не го собира сметот, а има законска обврска да го собере. Приватната компанија само требаше да излезе во пресрет на градот Скопје и на граѓаните, рече Меџити.

Би можело да ве интересира

Меџити: Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари

Меџити: Ќе има закон за правична застапеност во јавната администрација

Горан Наумовски

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски

Меџити: Четворица пратеници од Европскиот фронт се префрлаат во ВЛЕН