Таравари именува троца нови директори и еден раководител

Од:

Илија Јовановски е нов директор на Општата болница во Прилеп, Наке Гогов на Општата болница во Струмица, а Исмаил Вахити во Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок. Виктор Камнар е нов раководител на Ортопедија на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговарајќи на новинарско прашање, Таравари рече дека назначувањето на новите директори не оди бавно. – Подобро е да најдеме добри решенија отколку да брзаме и да бидат решенија кои ќе бидат одбиени од колективот и од пацинетите, изјави Таравари.

Истакна дека досега нема никакви несогласувања и оти се дискутира отворено за сите предложени имиња за клиниките.

– Се обидуваме по информации кои ги добиваме и од вработените во клиниките да го најдеме најдоброто решение. Не велам дека секогаш ќе бидат најдобри решенија, може да има и многу подобри, но ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе да дадеме оптимални решенија, рече Таравари.

Министерот за здравство потенцира дека е многу важно новите директори да бидат прифатени од здравствените установи каде што работат. Политичката припадност, како што рече, е интимна, приватна работа и не можеме да се мешаме, а генерално гледаме луѓе кои вредат.

– Имаме многу добри доктори, кои се квалитетни на сите клиники и се надевам дека наскоро ќе имаме решенија, рече Таравари.

На новинарско прашање за недостигот од реагенси во Институтот за јаво здравје-Скопје, Таравари рече дека минусот со реагенси во оваа здравствена установа е со години и оти тука треба да интервенира Владата за како да се средат долговите.

– Се работи за многу важна институција која треба да извршува многу повеќе испитувања отколку што испитува сега. Мислам дека таа институција е маргинализирана во македонското здравство и заслужува многу повеќе отколку оваа состојба што ја има, рече Таравари.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните