Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска им додели признанија на субјектите и поединците кои во 2018 година дадоа посебен придонес за реализација на разни активности и проекти со цел подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на општина Гостивар.
„Денес им доделувам признаија на неколку месни заедници и поединци, за кои оценив дека во 2018 година забележаа резултати и дадоа посебен придонес за благосостојбата на нашите граѓани, и тоа преку одлична соработка со Општина Гостивар, но и со други институции. Би ги одвоил забележаните резултати на месните заедници на Чајле, Чегране, Форино, Лакавица и Дебреше. Овие месни заедници, иако како последица на минимизирање на нивната улога со Законот за месна самоуправа, речиси целосно се пасивизираа, тие сепак постигнуваат одлични резултати и можат и успеваат да се организираат како вистински институции“, истакна градоначалникот Таравари.
Тој подвлече дека со доделување на признанија на месните заедници, всушност ги удостојува сите жители на овие села за нивното залагње, како и иселениците за финансиската поддршка со што се овозможи реализација на активности и проекти, како што не се памети на овие простори. Таравари изрази подготвеност овие месни заедници во иднина да имаат поголема поддршка од страна на општината, а воедно ги охрабри и другите меснни заедници да го следат нивниот пример во насока на подорбрување на квалитетот на живеење на нивните жители.
Градоначалникот Таравари им додели приѕнанија и на четворица поединци за кои оцени дека нивниот вложен труд исто така остави траг во 2018 година.
„Шпенд Сулејмани, како поранешен в.д. директор во Ученичкиот дом, само за неколку месеци заврши работа колку а дава мандата, реновирајќи го објектот и однатре и однадвор, иако знаеше дека не ќе може да биде именуван за директор . Беким Аме, претседател на Здружението на лица со посебни потреби “Порака” од Дебар, многу чини и за децата од Гостивар, особено оние со аутизам. Во текот на 2018 година добивме многу донации од Турција и поставивме нови мостови на соработка. Координатор за соработка со Република Турција е Гџзим Хаџијепу, кому исто така му доделуваме денес признание со што им правиме чест на сите институции од Турција кои ни помогнаа во различни форми, за што е запознаена јавноста“, подвлече Таравари
Признание му беше доделено и на Хакан Гостивар, кој живее во Турција, е турски државјанин, но постојано се ангажира во хуманитарни акции и доелување на многу вредни донации во Гостивар и гостиварско