Во статус на социјалната мрежа Фејсбук, претседателот на Алијансата за Албанците и истовремено кандидат за претседател на опозициската коалиција, го предизвика Али Ахмети да го прифати предизвикот за претседателската трка.
„Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека Али Ахмети ќе се кандидира, некогаш се повлекува … Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува со мене и да вие изберете кој најдобро ве зстапува“ – пишува Таравари на социјалната мрежа Фејсбук.