Таравари е сигурен дека ќе оди со сопствени листи на локалните, за се друго е подготвен да разговара

Од:

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање назад. За се друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.

– Штом ќе се врати премиерот од пат, ќе се видиме и ќе разговараме, инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажал господинот Николоски, сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, рече Таравари.

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју рече дека не очекува Таравари да преземе чекор со кој би коалицирал со опозициската ДУи, затоашто тоа за него би значело политичко самоубиство. Според Николоски, нема официјална најава од Таравари дека ќе коалицира до ДУИ.

– Тој е многу политички искусен. Јас можеби најмногу од сите што сме во постојнава Влада сум го критикувал, но ако тоа го тргнеме настрана, факт е дека тој е политички искусен и не мислам дека е до толку, ај сега обратно да кажам – наивен, да влезе во соработка со ДУИ. Мислам дека малку и јавноста го потценува и не очекувам дека ќе направи чекор каде што политички би се самоубил. Би бил изненаден да покаже таква политичка наивност. Се разбира, не исклучувам такво сценарио, но би бил многу изненаден ако тоа се случи, истакна Николоски.

Би можело да ве интересира

Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит

АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

Катерина Ѓуровски

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски