Таравари: Додека славите Нова година изгласаа амнестија и ослободија обвинети функционери

Од:

Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил упати критики до Владата на РМ за амнестијата за 27 април и промените на Кривичниот закон со кој се ослободуваат од вина поранешни функционери обвинети од специјалното јавно обвинителство.

„Додека вие славите Нова година, ТИЕ:
1. Изгласаа амнестија за 27 април
2. Изгласаа измени на кривичниот закон со кој се намалуваат казните или се ослободуваат функционери обвинети од СЈО
3. Изгласаа закон со кој директорите на јавните претпријатија си добиваат заменици директори
4. Повисоки плати за вицепремиерите“, напиша Таравари на социјалните мрежи.

Во текот на оваа недела амнестија за случувањата од 27 април добија вкупно 15 обвинети меѓу кои пратениците Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Амнестирани беа и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски.

Пред два дена исто така, во Собранието беа изгласани и измените на Кривичниот законик. Промена е направена во членот 275 став 3 кој се однесува на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство, се намалува казната затвор од 5 на 4 години. Овој член е поврзан со кривичните дела за кои се товарат Сеад Кочан и Василије Авировиќ.

Претходно пратениците од владејачкото мнозинство со обидоа да го протнат и членот 353 од Кривичниот законик кој се однесува на злоупотреба на службената положба. Овој член е поврзан со најголем дел од обвинетите што се гонат од СЈО и под притисок на јавноста беше тргнат од предлогот за измени на законот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Таравари се радува што „Влен“ се обедини, а Алијанса за Албанците ќе излезеле со нивни сопствени листи на локалните избори

Меџити: „Влен“ станува партија од наредната недела, Таравари се самоисклучи од коалицијата

Левица: Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија

Меџити: Таравари се самоисклучи од Вреди, самостојниот настап со советнички листи е во корист на ДУИ

Таравари: Успешно извршена нова – петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и прва баријатриска интервенција на Клиника за дигестивна хирургија