Таравари денеска поднесува оставка

Од:

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.

– Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, рече Таравари.

Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „ВРЕДИ“ донесе одлука да ја напушти владината коалиција и да оди во опозиција. На претстојните локални избори партијата ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека промените во Владата, односно новите имиња за испразнетите места ќе бидат познати следната недела. Од ВРЕДИ вчера порачаа дека не се преговара за размена на ресори.

Би можело да ве интересира

Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит

АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

Катерина Ѓуровски

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски