Таравари: Да се најде решение за проблемот на приватните превозници

Од:

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари заедно со пратеникот Абдула Салиу ги посетија приватните превозници кои протестираат пред канцелариите на Град Скопје.

Таравари им вети на приватните превозници дека Алијансата за Албанците преку пратениците и на кој било друг институционален начин ќе се обиде да им помогне на приватните превозници, а го повика и премиерот и другите политичари да се ангажираат за изнаоѓање решение.

– Загрижени сме за состојбата. Се работи за повеќе од 500 семејства кои неколку дена протестираат со блокирање на улици. Ова не е решение. Блокиран е главниот град на државата. Ме загрижува тоа што градоначалничката воопшто не комуницира со нив, а треба и мора да се изнајде решение. Јас се согласувам со еден предлог што го дадоа, евентуално и да и се одземат ингеренции и Владата да се ангажира малку сериозно во овој правец. Нема смисла пет месеци да не се исплатат и да се дојде до вакво дереџе да не се седне и да не се разговара со нив рече Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит

АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

Катерина Ѓуровски

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

А1он