Тандем крадци фатени на дело во Карпош, признале дека обиле 19 коли

Од:

Утрово околу 3 часот на подрачјето на скопската општина Карпош, биле уапсени П.К.(48) и С.А.(40), двајцата од Скопје, кои полицијата ги фатила на дело како обиваат автомобил, сопственост на Г.И.(49) од Скопје, информира полицијата.

„Двајцата крадци биле приведени во Полициската станица Карпош и при извршен разговор со нив појасниле дека во текот на септември и октомври имале извршено 18 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила на територијата на Скопје,“ се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип