Танц театар – перформанс против загадувањето на воздухот

Од:

Група средошколци од средни училишта од Гостивар и Скопје, денеска со танц театар кој ќе го изведат напладне пред Владата на РМ ќе го изразат својот револт од состојбата со загадувањето и непреземањето мерки за заштита на децата и младите.

Тие ќе побараат сите надлежни институции да преземат конкретни мерки за намалување на високите концентрации на ПМ 10 честичките и ПМ 2,5 во воздухот, со кои Скопје, Тетово, Битола и други градови рушат рекорди во загаденост, а Македонија, како што велат, стана најзагадена земја во Европа!

-Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во Македонија се дише најотровен воздух во Европа!Од загадениот воздух најмногу страдаат децата. Загадениот воздух е еден од најголемите фактори за смртност кај децата и тоа мора веднаш да се спречи. Децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото. Секое второ болно дете се лекува од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена, велат од Првата детска амбасада во цетот „Меѓаши“.

Децата во раниот детски развој се немоќни било што да променат, посочуваат оттаму, а Република Македонија како потписничка на Конвенцијата за правата на детето е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат. Затоа бараат надлежните да преземат итни мерки за надминување на проблемот со загадувањето.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан