Тамара ги откажа концертите: Ненамерната грешка прерасна во вистински пекол

Од:

Откако завчера на приемот во aмериканската амбасада поп пеачката Tамара Tодевска ја згреши македонската химна, два дена врз неаа трае атак и се води хајка на социјалните медиуми. Освен што ја критикуваат, некои радио станици одлучија повеќе да не ги пуштаат нејзините песни, а дел од прилепчани побараа таа да го откаже настапот на „Пиво фест“ во Прилеп.

Пејачката денеска јавно објави дека заради „голготата низ која поминуваат таа и нејзиното семејство“ реши да ги откаже настапите, концертот на Антички театар на 27 јули и настапот на „Пиво фест“ во Прилеп.

„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор“, напиша Тамара на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Касами: Да се интонира и албанската химна во училиштата ако веќе се интонира државната

Орце Костов

Алтернатива: Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста

Орце Костов

Холандскиот јавен сервис се извини откако прикажа одамна избришан стих од германската химна

Жарко Настоски

Заев вели дека не се договарале со Ахмети да ги сменат државните симболи

Жарко Настоски

Не се разговара за промена на знамето, грбот или химната, велат од Владата по изјавата на Ахмети

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Заев: Грешката е ненамерна, химната се пее секој ден, секаде

Кристијан Ландов