Талевски: Извештајот на ЕК потврди, кочењето и блокадите на ДПМНЕ се пречка за напредок

Од:

Извештајот на Европската комисија потврди: ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата вели пратеникот на СДСМ Миле Талевски.

– Поразително за пратениците од ДПМНЕ во Извештајот стои, цитирам: „Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок“ (страна 10 од Извештајот). Ние, пратениците од СДСМ и коалицијата на ова укажувавме и баравме ДПМНЕ и Левица да не го кочат напредокот на земјата, да не ги кочат реформите, да не го кочат европскиот пат. Имаме прогрес во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% сме со соодветно ниво на подготвеност. Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година, нема мешање во судската власт, нема уназадување, рече Талевски на прес конференција во Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он