Талески уште 30 дена во домашен притвор

Од:

Градоначалникот на Битола Никола Талески останува во домашен притвор уште нови 30 дена.Тој е обвинет во случајот „Транспортер“.

Кривичниот суд Скопје се согласи со барањето на Специјалнто јавно обвинтиелство на битолскиот градоначалник Владмир Талески да му го продолжи притворот за нови 30 дена. Денеска беше последниот ден на Талески во куќен притвор.

Тој мина 30 дена во домашен притвор и за кој специјалното јавно обивнителство рагираше и побара продолжување за нови 30 дена.

„За продолжување на мерката за обезбедување присуство против В.Т., осомничен дека го сторил кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување го уважи предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за нови 30 дена“. Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува МВР на РМ, СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор, соопштија од Основниот суд Скопје

На 13 јуни судија од претходна постапка, му го одзеде пасошот нма Талески по распитот за случајот „Транспортер“. Талески вчера два и пол часа беше распрашуван во канцалариите на СЈО , по што изјави дека врз основа на една снимка се водела политичка хајка против него и дека целата постапка е наметната.

Талески заедно со неговиот најблизок соработник Слободан Бончановски, кому куќниот притвор му беше укинат и уште 20 директори на средни и основни училишта и директори на фирмите­ превозници се осомничени од СЈО за злоупотреба со превозот на ученици во Битола, криминал тежок 360.000 евра.

Би можело да ве интересира

Пеливанов го повлече обвинението за „Транспортер 2“ каде го обвинуваше Владимир Талески за штета врз буџетот од 70 илјади евра

Кристијан Ландов

Апелација ги намали казните во „Транспортер“, Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор

Кристијан Ландов

Талески им овозможил на фирми да вршат превоз на патници без да плаќаат надомест

Ана Ололовска

НСДП Битола: Постои опасност градоначалникот Талески да го повтори делото и да влијае врз сведоците

А1он

Јавна седница во Апелација за притворот на Талески

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева се изживува со Владимир Талески, за неправдата некој ќе сноси одговорност