Талески ги повика иселениците да се вратат дома

Од:

Пораката за заедништво и свест за сопствената припадност, име, идентитет и завет за идните генерации беше испратена и од средбата на иселениците во Трново.

Од Битола повикувам сите Македонци, обединети како едно ткиво да се бориме за иднината на идните генерации и поколенија. Битолскиот регион како најпечалбарски крај во Република Македонија со најмногу иселеници во европските и прекуокеанските земји сега има најдобри услови за инвестирање, ве повикувам да се вратите дома, дојдете си дома и планирајте го своето семејство и својот живот во Битола, во Македонија – рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески обраќајќи им се на присутните.

На средбата збор зедоа и пратениците во Собранието на Република Македонија Милорад Додевски и Павле Саздов, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски.

Би можело да ве интересира

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби