Талентот во Карпош се поттикнува

Од:

Талентираните ученици од Општина Карпош, денес во ООУ „Димо Хаџи Димов“ со нетрпение и возбуда очекуваа да го слушнат своето име на свеченото доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти за оваа година.

Основци од десетте училишта на територија на Општината, кои аплицираа на конкурсот за стипендии за најуспешни ученици и спортисти, од потребните критериуми, 17 од нив се спортски а 31 стипендија се за талентираните ученици. Нив им ги додели градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој им честиташе на стипендистите и им посака успешна спортска и учебна година.

-Трудот треба да биде причина за вашиот успех во животот. Ученици кои ги поддржуваме треба да бидат мотив за самите себе и за нивните соученици, доколку се вредни и ако се потпираат на своето знаење и на својата пот што ја леат во спортските сали, ќе бидат забележани и наградени од локалната самоуправа. Ова ќе биде поттик уште повеќе да работат, да бидат и натаму добри ученици, а оние кои што се спортисти еден ден да ги бранат боите на својата држава како репрезентативци на Република Македонија. – рече таткото на Општината, Јакимовски.

Свечената церемонија на врачување стипендии на талентираните карпошовци, која се одвива во рамките на манифестацијата „Денови на општина Карпош“, се одржа по петти пат оваа година. Општина Карпош ќе продолжи да ги поддржува учениците од општинските основни училишта, бидејќи во нив се гледа иднина на врвни спортисти и познати научници.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски