Талат повторно прозборе

Од:

Талат Џафери конечно прозборе . По неколку неделен молк, или тактиката, тој да гледа во  напишаниот текст , денеска на Комисијата за труд и социјална политика,  се повика на Извештајот на Европската комисија за македонија, во делот кој се однесува  за борците на ОНА . Таму стои  дека Македонија треба да го реши статусот на жртвите кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

„Тензиите меѓу заедниците по инцидентите во првата половина на годинава предизвикаа загриженост. Владата одговори зрело на овој предизвик. Владата и во иднина треба да продолжи со јакнењето на меѓуетничките односи и помирувањето, вклучувајќи го и статусот на жртвите од конфликтот од 2001 година“, се вели  во Извештајот на ЕК

Џафери се повикува на делот од Извештајот иако Европската Комисија нема појаснето дали под „жртви во конфликтот“ се мисли само на цивилни жртви, само на бранителите или пак и на борците од ОНА.

Веќе месец  дена во комисијата се дебатира за Законот за бранители, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ се спротивставува на носењето на Законот, и досега со тактиката молчење-маратонско дебатирање, Џафери е единствениот говорник од ДУИ. За СДСМ , сето ова е договорена тактика на коалициските партнери за билдање на рејтингот кај сопственото гласачко тело.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он