Талат Џафери не се симнува од авион

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од Парламентите на сите 29 земји членки на НАТО побарал да присуствува на сите ратификации на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со него на патувањето во Романија и Литванија е и пратеникот Панчо Минов и членови од неговиот кабинет. Кога ќе се земат предвид скапите авионски карти, хотелското сместување и девизните дневници, граѓаните скапо ги чини, оваа желба за патување на спикерот Џафери. Џафери до сега беше во Парламентите на Словенија, Бугарија, Албанија и Црна Гора.

Таму беше прогласен за непосакуван гостин, бидејќи опозицијата кажа дека бил терорист и убивал македонски полицајци и војници, а сигурно пукал и во Срби.

Никаде не е пропишано, а и досегашните земји кои пристапуваа во НАТО, ја немаа праксата на Џафери да отпатуваат и да присуствуваат во сите Парламенти на чинот на ратификација.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски