Талат Џафери денеска ќе сведочи за крвавите настани на 27 април

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска на пладне во Основното јавно обвинителство ќе даде исказ за случувањата во собраниската зграда на 27 април, упадот на толпата и обид за линч на дел од пратениците.

Ова се случи веднаш по неговиот избор за претседател на Законодавниот дом.

Досега искази за инцидентот дале неколку пратеници од новото собраниско мнозинство.

Во ОЈО повикани се и двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Дали се работи за двајцата кои им ја отворија вратата за да може да влезе толпата во собраниската зграда, не се соопштува.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието