Талат Џафери: Несреќата на Трајковски има многу недоумици

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери во интервју за босанскиот дневен весник „Дневни аваз“, рече дека е потребна нова истрага, бидејќи има многу недоумици, како, зошто и кој би можел да биде виновен за трагедијата во која загина шефот на државата Борис Трајковски, државната делегација и членовите на екипажот во авионската несреќа крај селото Ротимње, во близина на Мостар, БиХ.

Мислам дека двете влади ќе дојдат до вистинските информации и оваа истрага ќе има нова виделина за целиот случај – изјавил Џафери.

На прашањето како гледа на проблемот на БиХ со вишокот оружје кое се шверцува по рута која оди помеѓу земјите од поранешна Југославија, министерот Џафери дециден дека не може да говори за институционален шверц на оружје.

Тоа е глобална појава која не го засега само нашиот регион. Ние работиме на пописот на вооружување, а со вишокот оруижје или го продаваме или се уништува. Кај вас е проблем затоа што имавте ентитетска армија и вашиот министер ми рече оти тука има доста проблеми. Заедно работиме на тоа овој проблем да се сведе на минимум, изјавил Џафери.

Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина се на завидно ниво, а двете држави немаат отворени прашања, нагласува во интервјуто министерот за одбрана Талат Џафери.

На новинарско прашање зошто за прва официјална посета е избрано токму Сараево, Џафери посочува дека тоа било на негово инсистирање за да се продолжи одличната регионална соработка која отсекогаш постоела на државно ниво. БиХ, подвлекува дека ја одбрал и затоа што во Сараево АРМ има свој контингент во рамки на мисијата „Алтеа“.

На средбите со претставниците од Министерството за одбрана на БиХ, било разговарано за можностите за искористување на заедничките капацитети кои се однесуваат на обука и тренинг помеѓу двете земји.

Во Македонија на Воената академија веќе се школуваат тројца питомци од БиХ. Сакаме да ја интензивираме заедничката соработка. Всушност, заеднички работиме на проектот за контрола на воздушниот простор. Тоа е проект во рамки на „паметната одбрана“ на што работат и сите земји од регионот, а се работи за унапредување на одбранбената соработка во рамки на регионалните иницијативи односно на обврската на овие земји на патот кон членство во НАТО, вели министерот Џафери во интервју за „Дневни аваз“.

Би можело да ве интересира

Џафери: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех

Горан Наумовски

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери: Се ќе сториме за да ги исполниме потребите на студентите

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година