Џафери: Се ќе сториме за да ги исполниме потребите на студентите

Од:

Со посетата на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се уверив за условите за академска работа на професорите и студентите, а бев информиран и за потребите за натамошна поддршка од владините за образовните институции, истакна претседателот на техничката влада Талат Џафери за време на денешната посета на УКЛО во Битола.

За време на средбите со ректорот Неделковски и професорите, разговаравме и за Колективните договори кои сепак не се во надлежност на Владата туку на Собранието, но и овие случувања ги следиме одблиску, предочи Џафери.

-Задоволен сум од организацијата и функционирањето на оваа образовна институција и ги согледав сите нејзини потреби и се ќе сториме за потребите на студентите, посочи Џафери во изјава за медиумите во овој град.

На новинарско прашање во врска со состојбите и барањата на академската заедница од универзитетите во државата за висината на платите и надоместоците, премиерот Џафери рече дека правото на протест, правото на штрајк е неприкосновено право, но, оти суштината нема да се постигне со методот на делување бидејќи тоа не зависи од волјата на Владата.

-Јас не сакам да се оградам како сегашен премиер, а претходен претседател на Собранието, но постапката и процедурата не треба да се под притисок бидејќи имаме соодветна пракса за спроведување со евентуално скратување на рокот за преговарање, а со цел да се дојде до конечната варијанта на договорот, затоа што Колективниот договор е над законот и може да регулира поинакви работи, појасни Џафери.

За време на посетата на Битола, премиерот Талат Џафери беше придружуван од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и заедно ги посетија НУ Завод и Музеј каде се наоѓа Спомен собата на Кемал Ататурк и НУ Музеј на Албанската азбука каде се наоѓа Спомен собата на основачите на албанската aзбука.

Би можело да ве интересира

Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех

Горан Наумовски

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година

Средба на премиерот Џафери со претседателот Зеленски во Тирана: Потпишана Заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина

Законите не се засноваат на поединечни случаи, вели Џафери во врска со случајот на Леонид Индов

Џафери: Должни сме да сме со граѓаните, а не затворени во канцеларија