Четири лица повредени при судир на такси возило и „бмв“

Од:

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на булеварот „Борис Трајковски“ во која се судрија „бмв 320 ци“ и „фолксватен пасат“- такси возило.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека ноќеска во 01,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “бмв 320 ци“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(38) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки (такси возило), управувано од Г.П. (48) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот Г.П. и патниците од истото возило Д.А.(18) и уште едно лице на возраст од 14 години кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Возачот Ј.П. се здобил со повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип