Такси-превозот во Кочани пред згаснување поради „дивите“ таксисти

Од:

Состојбата со такси-превозот во Кочани е лоша. Се возат нерегистрирани возила, возат возачи без дозволи и без лекарски уверенија кои го рушат угледот на такси-компаниите и создаваат нелојална конкуренција, беше речено на денешниот состанок што го организираа одговорните служби од Полициската станица -Кочани и Општина Кочани со претставници на Здружението на такси-превозници и поединци што се занимаваат со оваа дејност.

– Над се се и новите законски одредби кон кои се прилагодуваат превозниците, а налагаат нови фискални каси што значи и нови трошоци, рече претседателот на Здружението Јоце Каров.

Каров истакна дека ќе упати официјално барање до Општина Кочани и до градоначалникот да помогне сите надлежни институции да се усогласат во дејствувањето, зашто, како што рече, во вакви услови такси-превозот во Кочани ќе згасне.

Од Полициската станица ја нагласија потребата од поголем ред и дисциплина и во такси-компаниите, зашто само со целосно почитување на законите од нивна страна, ќе може да сезасили борбата против дивите таксисти.

– Факт е дека деновиве има засилени контроли на такси-превозниците од екипи составени од сообраќајната инспекција и полицијата што се во функција на воведување ред во такси-превозот. Но, ние сме подготвени да соработуваме, зашто само така ќе може најлесно да се увидат неправилностите и да се работи на нивно отстранување, рече секретарот на Општина Кочани Александар Јосифов.

Деновиве Општина Кочани излезе со повик до такси-компаниите и таксистите со изминати лиценци да ја продолжат важноста на лиценците за вршење такси-превоз на патници, како и на изводите на лиценците за возила со кои вршат превоз.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип