Тахир Хани ќе се залага да се реализираат сите проекти

Од:

Ќе се залагам Министерството за локална самоуправа да биде успешно и да се реализираат сите проекти, нагласи Тахир Хани на денешното примопредавање на функцијата министер за локална самоуправа од страна на досегашниот министер Невзат Бејта.

Хани потенцира дека за него претставува голема чест што ќе го замени досегашниот министер Невзат Бејта.

– Првпат во едно демократско општество, во Република Македонија се случува еден министер да даде оставка за да може на локалните избори да не ја злоупотребува функцијата министер, рече Хани.

Тој информира дека на кратката средба со Невзат Бејта добил информации за досегашните проекти кои се реализирани, како и оние кои се во тек.

Бејта му посака на Тахир Хани да продолжи да работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија и додаде оти за тоа Хани ќе има многу добри услови. Бејта истакна дека на средбата со Хани разговарале за повеќе проекти меѓу кои продолжување на изградбата на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје, спортска сала во Зајас, дом за стари лица во Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски