А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тадиќ: Се чувствувам виновен што не се извинив на македонскиот народ додека бев претседател

by А1он21/08/2014 - 15:4722/08/2014 - 10:57147
Share0

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ синоќа присуствуваше на завршната претстава на фестивалот Охридско Лето која беше во изведба на театарот „Звездара“ од Белград.

Добивај вести на вибер

Тој истакна дена се чувствува виновен што како претседател на Република Србија не упатил извинување на македонскиот народ поради некои лоши работи во историјата и потенцираше дека за него било многу важно да се решат некои нерасчистени прашања од историјата особено прашењето со црквата.

Многу пати сум доаѓал во Македонија како претседател на Србија и мене ми беше многу важно многу спорни и нерасчистени прашања од историјата да ги надминиме, овде посебно мислам на прашањето со црквата, затоа што ова на некој начин е единствената кочница во развојот на идните односи. Од друга страна органски сме поврзани, историски, со културата со музиката. Не постои точка на една нација која не се присутни силните врски помеѓу македонскиот и српскиот народ. Денеска имав можност и да разговарам со ваши научници, историчари, не само со политичари. Некои од нив ми кажаа многу важна работа и се чувствувам како виновен што како претседател на репуплика не упатив извинување на македноскиот народ од позиција на претседател поради некои лоши работа во историјата, кога овде била српската жандармерија и кога немаше секогаш сјајсни искуства за македонскиот народ. Еве токму поради тоа, како поранешни престедател, сакам да го упатам и тоа извинување и да ја поправам мојата грешка која ја направив како претсадател на републиката. Еве и на овој начин сметам дека допринесувам во зближувањето на двата народи – рече Тадиќ по завршивањето на последната претстава од годинешното Охридско Лето.

Импресиониран од убавините и архитектурата на Охрид, Тадиќ рече дека Охрид е еден брилијантен град кој би бил многу инспиративен во иднина за него.

Сум доаѓал повеќепати во Охрид, ги имам разгледувано вашите манастири и 365 или 367 цркви – гледам дека има извесна дилема колку се. Овде во неколку наврати сум зборувал на политички идеолошки манифестации. Во секој случај ова е еден брилијантен град. Денеска го видов и од езерската страна. Архитектонки, гледано, културно гледано, тој судир на црквите, тој крст од манастири кои постојат на охридскиот простор, неколкуте точки од градот кои се поврзани, дури и со небото, сето ова е многу инспиративно и за мене за во иднина – додаде Тадиќ.

Ф.Ј.

srbija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски05/04/2026 - 18:1105/04/2026 - 18:27

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:00

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:4525/03/2026 - 12:05

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 19:0015/03/2026 - 19:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто