Тачи: Нема радикален ислам во Македонија

Од:

„Можам одговорно да тврдам дека во Македонија нема радикален ислам, а изјавата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, дека извршителите на убиството кај Смиљковското Езеро се радикални исламисти е смешна, помалку трагична и служи за заплашување“, изјави претседателот на опозициската ДПА, Мендух Тачи во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Тачи објаснува дека ако извршителите се радикални исламисти, тогаш тоа е организирана структура која поворно би можела да изведе таква акција.

„Вие кога имате јавно соопштение од Стејт департментот, во кое се вели дека ги очекуваме фактите, тоа е дипломатски јазик, а кога би ги појасниле изјавите, тие велат немате факти и немате аргументи. Трето, зашто министерката не ни кажува кој е концесионер, дали тоа може да биде еден банален конфликт? Мислам дека таквите квалификации се дадени од преголемиот страв да се зуцне оти можните сторители се Албанци или Македонци“.

Случувањата по убиството кај Смиљковско езеро, за Тачи, се сценарио на владејачката коалиција. Тачи ја прашува министерката Јанкулоска зошто не кажува кој е концесионер на езерото и дали тоа може да биде банален конфликт.

„Коалиционите партнери да ни поглумат малку тензија, да не убедат дека сме во опасност, да ја убедат или принудат, според нив, меѓународната заедница да не примат во НАТО. Кога видоа дека овие работи можат да станат многу озбилни и многу сериозни наредија да се повлечат луѓето што ги инстриурале од ваквите манифестации“, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во интервју за Радио Слободна Европа.

 

Би можело да ве интересира

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Орце Костов

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Тачи пред лидерска: Време е да се разговара јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава

Кристијан Ландов

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за власт и пари коалицира со Тачи и Бошкоски кои се на црната листа на САД