Тачи во Дебар: ДПА ќе триумфира на 24 март

Од:

Демократската партија на Албанците вечерва одржа предизборен митинг во Дебар.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи го претстави кандидатот за градоначалник Меџит Дика и ги повика дебрани да ја поддржат листата на советници, чиј носител е Башким Сеља, професор по математика во дебарската гимназија и претседател на дебарскиот огранок на партијата.

Тачи рече дека на 24 март ДПА ќе триумфира со победа на Меџит Дика, Зијадин Сеља и сите нејзини кандидати за градоначалници и советници. Тој упати остри критики до кандидатот на ДУИ Ружди Љата, поранешен муфтија.

– Нема пример во светот, ова е преседан, лидер на верска заедница да почне да се занимава со политика. Овде на овој плоштад изјави дека се гордее со Али Ахмети, тогаш се гордее и со многуте изградени цркви, се гордее и со „Скопје 2014“, рече Тачи.

Според него, Ахмети и Груевски ги расипале односите со сите во светот, а главни виновници се и за тешката економска состојба и положбата на Албанците која, како што рече, била најтешка во изминатите над две децении.

– Ви ветувам дека набрзо ќе имаме парламентарни избори и почеток на преговорите за реализација на реалните барања на Албанците, рече Тачи.
Кандидатот за градоначалник на општина Дебар, пензионираниот машински инжињер, Дика, побара од своите сограѓани да го дадат гласот за него за да заедно го променат имиџот на градот, да созададат подобри услови за живот и еднаш засекогаш да ја стопираат миграцијата, која го преполови населението во дебарско.

– На Дебар не му се потребни убави зборови и ветувања, туку конкртени дела во сите области, а тоа го можеме ние, порача Дика.

Пред дебрани беа претставени и кандидатите за советници од оваа партија.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука