Тачи: Политиките на Ахмети и ДУИ се спротивни од барањата на Албанците

Од:

Демократската партија на Албанците на вечерашниот митинг во Гази Баба од жителите на општината побара поддршка за локалните избори, а лидерот Мендух Тачи ги охрабри гласачите да не се плашат и да излезат на гласање.

Политиките на Ахмети и ДУИ се спротивни од барањата на Албанците. Тие кои се прикажуваат како бранители на албанскиот народ, изминатава недела се покажаа дека не ги штитат правата на Албанците. Наместо да ги осудат апсењата и репресиите на полицијата врз учесниците на протестите, тие ги оправдуваат и ги поттикнуваат со молчење, истакна Тачи.

За лидерот на ДПА, претстојните локални избори се испит кој, како што рече, мора да се положи со убедлива победа за да се делегитимира коалицијата ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа да се издејствува и конечна победа на парламентарните избори.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?