Тачи од Тетово: ДУИ ќе загуби катастрофално

Од:

На овие локални избори, истакна претседателот на ДПА Мендух Тачи, на вечерашниот митинг во спортската сала на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, состојбите конечно ќе се сменат со вашиот глас и нашата победа.

– Заедно со граѓаните ние сме победувале од 1994 до 2011 година и на овие избори ДУИ во Тетово ќе загуби со голема разлика. ДУИ толку лесно не може да го излаже народот и да игра со него. Каде се библиотеките и другите лажни ветувања. Се лажат ако мислат дека ќе ги освојат гласовите во Тетово. Немојте никако да ги чепкате гласови на тетовци затоа што тие се чисти и јасно определени, рече Тачи.

Актуелниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети кој вторпат учествува во градоначалничката трка, но сега како кандидат на ДПА потенцира дека заедно со граѓаните ќе продолжи да работи за да се направи поинакво Тетово во следните четири години.

– Сите проекти ние ги реализиравме само со наши средства од општинскиот буџет и граѓаните на Тетово без разлика на нивната национална или верска припадност. Заедно со нив ќе го продолжиме нашиот пат за подобра иднина на нашите деца. За овој дел на градот имаме конкретни проекти како поделба на гимназијата во два посебни субјекти и изградба на нова зграда, изградба на мостот кај поранешното медицинско училиште, обнова на улицата Браќа Миладиновци од Шарена џамија до улицата Мурат Бафтијари, поставување канализација во Горна Чаршија и обнова на патот до Бањиче, изјави Беџети.

Пред присутните на митингот на ДПА говореа и носителот на советничката листа за општина Тетово, Дурим Љума и претседателката на Форумот на жени на ДПА и актуелна пратеничка Мерале Ферати.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме