Тачи: Изборите треба да бидат фер и демократски кога и да се одржат

Од:

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи денеска не сакаше да коментира дали изборите треба да се одржат на 5 јуни, туку само посочи дека пред да се одржат треба да се исполнат сите услови тие да бидат фер и демократски и оти сите треба да работат на тоа.

– Опстојувам на тоа дека до денот на избори, кој и да биде тој, треба да се исполнат сите демократкси принципи или се може да пропадне, Тачи по средбата со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон.

Тачи истакна дека и на средбата со Даниелсон разговарале за изборите.

– Двајцата утврдивме дека Македонија ако пред една година беше пред амбис сега е чекор назад. Фер и демоктарски избори се лек за длабоката рана од минатата година. Сите политичи партии и институции треба да работат да има исполнување на условите до денот на изборите, истакна претседателот на ДПА по средбата.

Би можело да ве интересира

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ