Тачи: Доколку 90-те илјади лавови побараат оставка од мене, ќе ја поднесам

Од:

Не беше невозможна мисија, туку нерамноправна борба, со многу притисоци и уцени од сите сегменти на власта, на ДУИ. Непринципиелно се здружија со македонските партии, со ВМРО, со СДСМ, па и НДП на Руфи Османи, порача предмалку Мендух Тачи, лидерот на ДПА, чиј кандидат за градоначалник на Тетово беше поразен од Теута Арифи, доскорешната вицепремиерка за евроинтеграции.

Ќе се покаже дека за нив албанската кауза е мртва – рече Тачи.

Тачи од Тетово порача дека ДУИ победила и со гласовите на Македонците, но според него, добро е што се здружиле со нив, оти тоа покажува какви се интересите на таа партија за албанската кауза.

Доколку 90-те илјади граѓани, лавови, кои гласаа за нас, побараат оставка од мене ќе ја поднесам за доброто на партијата, додаде тој.

ФОТО: Плусинфо

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме