Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода за пиење

Од:

Осум табли со предупредување беа поставени на каптираните извори со небезбедна вода за пиење во Општина Кисела Вода.

„Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, Oпштина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општината:

Селската чешма во селото Драчево, изворот на Стакларница, во близина на Св. Теодор, на кривината во Бабин Дол, јавната чешма под црквата Св. Ѓорѓија, и кај црквата Св. Елена и Константин, под црквата Св. Ѓорѓија, три чешми, Горномаалската чешма во селото Драчево, како и каптираниот извор кај црквата Св. Руса во Пеленица, село Драчево. Воедно, информираме дека на изворот кај кривината Св. Петка, Црниче, УВ ламбата е заменета со нова, додека на изворот кај Св. Ѓорѓија, е поставена станица за хлорирање, испитана е и пуштена во употреба“, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ