Учениците од социјално загрозени семејства кои наставата ја следат онлајн, денеска добија таблети од Општина Ресен.
Градоначалникот Живко Гошаревски 15-те таблети, како и хигиенски средства и средства за дезинфекција, донација од општината, ги распредели по училиштата.
– Грижата за учениците и образованието и натаму останува врвен приоритет за Општина Ресен. Секој ученик од нашата општина заслужува подеднаков пристап до квалитетно образование. Општина Ресен ги повикува сите општествено одговорни компании да покренат вакви хумани акции, бидејќи општествената одговорност не е трошок, туку инвестиција, подвлече градоначалникот.
Општина Ресен, додаде тој, води грижа за најмалите, постојано се врши дезинфекција во училиштата каде што се одвива настава со физичко присуство.
Дел од учениците од социјално загрозени семејства на почетокот од учебната година добија таблет-компјутери, донација од општествено одговорни компании