Т-Мобиле им се извинува на своите корисници за техничкиот проблем

Од:

Т-Мобиле Македонија ја информира јавноста дека на ден 10.12.2014 година поради технички проблем дојде до краток прекин на сите услуги во мобилната мрежа во периодот од 12:35 до 12:50 часот. Прекинот на услугите го почувствуваа корисниците на цела територија на град Скопје и поголем дел од територијата на Република Македонија.

Говорните услуги се во целосна функција, додека мобилниот интернет сеуште работи со одредени потешкотии на територијата на Република Македонија и нашите стручни тимови работат на негово нормализирање во најскоро време. Т-Мобиле Македонија се извинува за настанатите пречки и како и секогаш максимално брзо и ефикасно ќе реагира во сите ситуации за непречено користење на услугите кон граѓаните.

Би можело да ве интересира

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски

АЕК: Брзината на мобилниот интернет повисока од минимално пропишаната

Емир Латифовиќ

Лани повеќе се зборувало на мобилен

Емир Латифовиќ

Ивановски: Од 30 јуни драстично пониски цени во роаминг

Емир Латифовиќ

Гледачите на БоомТВ ќе продолжат без прекин да ги следат Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите

Емир Латифовиќ

Новата компанија ќе се вика one.VIP

Емир Латифовиќ