СЗО: Македонија меѓу 11 европски земји со „забрзан пренос“ на коронавирусот

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека за првпат во последните неколку месеци во Европа се забележува зголемување на бројот на случаи на заразени со коронавирус на неделно ниво, издвојувајќи 11 земји во кои заразата забрзано се враќа.

Како земји со забрзан пренос на заразата СЗО ги посочи Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Казахстан, Киргистан, Косово, Македонија, Молдавија, Шведска и Украина.

„Забрзан пренос е регистриран во 11-те европски земји, во кои е предизвикан значителен раст на заразени,  што доколку се остави без надзор повторно ќе ги уназади  здравствените системи во Европа, изјави директорот на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге.

Амбасадорите на ЕУ неделава ќе разговораат за повторното отворање на надворешните граници на блокот на 1 јули. Еден од критериумите што земјите-членки го разгледуваат е да се дозволи патување само на патници од одредени земји, меѓу кои нема да се најдат земјите со висока стапка на инфекција, вклучувајќи ги и САД, Русија и Бразил.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО