СВР Тетово: Расветлено убиството на жената во Гостивар, осомничен сопругот

Од:

Убиството на Сенада Р. (27) од скопско Шуто Оризари, која вчера околу 9 часот, без знаци на живот, беше пронајдена на улица „Иво Лола Рибар“ во Гостивар е целосно расветлено, информираат од СВР Тетово. Осмничен е нејзниот сопруг Б.Г. (38) од скопско Шуто Оризари кому во текот на денот ќе му биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар.

Според наводите од пријавата, осомничениот Б.Г. го извршил убиството на сопругата вчера утро со неколку убоди со нож во раката, градите и стомакот. Набрзо потоа со возило го напуштил местото, додека вчера попладне лишен е од слобода во Скопје, а потоа предаден е и задржан во Полициската станица Гостивар.

Јавен обвинител издал наредба за обдукција врз телото на жената, а се очекува во текот на денот да побара и притвор за осмоничениот Б.Г. Мотивите за убиството, најверојатно лежат во меѓусебните недоразбирања кои сопружниците ги имале подолг период. Јавниот обвинител информираше дека починатата жена во последните пет месеци живеела во Гостивар каде се преселила од Скопје поради нарушени односи со партнерот. Тие имале три малолетни деца на возраст од 1, 3 и 6 години.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица