СВР Тетово расчисти шест кражби и разбојништво

Од:

Секторот за внатрешни работи  во Тетово расчисти шест тешки кражби и едно разбојништво кои се случиле крајот на минатата и во текот на оваа година на поширокото Тетовско подрачје.

Како што информираше портпарол на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за пет од овие кражби, извршени во угостителски објекти и магацин за сточарски производи во Тетово полицијата сомничи три лица, сите од Тетово Ј.А.(24), Б.В.(26) и Ф.З.(23). Осомничените откако насилно ќе провалиле во објектите, одземале најразлични производи телевизори, музички инструменти, сирење и друго,а потоа им ги продавале на заинтересирани поединци во Тетово, Гостивар и Охрид.

За извршување на шесттата расветлена кражба на музички инструменти во угостителски обејкт во Теарце се сомничат Г.Н. (30) и уште едно лице, чиј идентитет веќе му е познат на СВР Тетово и кое наскоро ќе биде повикано на разговор.

Разбојништвото врз тетовски такстист на петти декември минатата година се сомничи дека го извршил тетовецот Ф.З.(26), кој му нанесол видливи повреди и му го одзел телефонот на таксистот.

Најголемиот број од одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици додека против шесте лица инволвираните во тешките кражби и разбојништвото ќе следуваат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он