СВР Тетово апелира да не се пишуваат графити на јавни објекти

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово упати апел до граѓаните да се воздржат од  пишување графити и оштетување на јавните објекти, како и на културните и историските споменици, зашто на тој начин не само што причинуваат одредена материјална штета, туку можат да предизвикаат и други несакани појави. Од таму утврдиле дека деновиве во тетовското подрачје се пријавуваат испишани графити на различни објекти, најчесто со политички, меѓуетнички и други пораки, односно содржина.

-Секторот за внатрешни работи Тетово  уште еднаш потсетува, односно укажува дека  пишувањето графити и особено графити со вулгарна и навредлива содржина на јавни места и објекти е спротивно и на Законот за јавна чистота, како и самоволното лепење или кинење на плакати, појави кои, повеќе или помалку, и натаму се присутни на ова подрачје. Покрај тоа, зависно од видот и обемот на оштетување или споменичното скрнавење, тоа претставува и прекршок против јавниот ред и мир, за кој е предвидена глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност, потенцираат од СВР Тетово.

Доколку графитите, односно пораките предизвикуваат национална, расна или верска омраза и поттикнуваат раздор и нетрпеливост, нивните пишувачи ќе се соочат и со кривична одговорност (член 319 од Кривичниот законик).

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски