СВР Струмица: Кривична за двајца гробари кои краделе злато од гробови

Од:

Секторот за внатрешни работи – Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица, 56-годишниот Р.Т од Струмица и 47-годишниот Г.П од Штип со привремено живеалиште во Струмица за дело „сквернавење на умрен“. Двајцата биле вработени како гробари во еден погребален оператор и во 2015 година одземале накит од гробовите, велат од СВР – Струмица.

– Осомничените при ископ на стари гробови поради закоп на нови лица, го одземале накитот кој го пронаоѓеле, а потоа го продавале кај неколку златари во Струмица. При претрес во нивните домови биле пронајдени и со потврда биле одземени две откупни белешки за откуп на злато од златари, истакна Хризантема Рендевска, портпарол на СВР – Струмица на прес конференцијата.

Рендевска истакна дека пријавените при разговор со полициски службеници ги посочиле гробовите од кои го одзеле накитот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби