СВР Скопје со поддршка од Општина Кисела Вода успешно го реализираше проектот за „Безбедност во училиштата“

Од:

Градоначалникот на Општина Кисела Вода придружуван од страна на секретарот на општината, Александар Алексовски и претседателот на Советот, Дарио Шимиќ во ООУ „Рајко Жинзифов“ присуствуваше на последната активност која СВР – Скопје ја реализира во рамки на проектот за безбедност во училиштата.

На овој настан градоначалникот Филип Темелковски ги поздрави учениците и припадниците на полицијата. Во своето обраќање на сите вклучени во проектот за „Безбедност во училиштата“ им се заблагодари за учеството и нагласи дека и во иднина сите настани и проекти кои ќе имаат за цел општо добро за сите граѓани во опшеството ќе бидат поддржани од општината.

Покрај ова, градоначалникот Темелковски заедно со припадниците на полицијата на учениците им поделија ранци, брошури и флаери со пораки. Истите содржат и извадоци од кривичниот законик, законот за прекршоци и законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Имено, одделението за превенција при СВР – Скопје од почетокот на оваа учебна година 2017/2018 година започна со активности/реализација на проектот „Безбедност во училиштата“. За успешна реализација на овој проект беа формирани клубови за превенција во девет основни училишта во општините на територија на град Скопје. Дел од овие активности на СВР Скопје беше и ООУ „Рајко Жизифов“ од населба Драчево. Во истиот беа вклучени 26 ученици од 8 и 9 одделение со различно поведение, различен успех, како и од различен мултиетнички состав, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Од почетокот на учебната година па се досега се имплементираа повеќе активности, за почеток беше формиран клуб за превенција, по што беа одржани повеќе работилници на кои беа извршени презентации на различни теми.

Активностите кои СВР – Скопје со поддршка од Општина Кисела Вода ги спороведе имаа за цел превенција од насилство, наркотични средства, говор на омраза на социјалните мрежи, како и спречување на други девијантни појави кај младите.

За крај, во организација на Open Fun Football Schools учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“, ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „Невена Георгиева – Дуња„ одиграа натпревар во мал фудбал. Покрај ова, децата ја имаа и можноста подобро да се запознаат со полициските службеници кои беа дел од овие активности. Воедно, се одбележа и Денот на полицијата.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи да дава поддршка во реализација на проекти и настани кои ќе имаат за цел да придонесат за општо добро за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода