СВР Штип и шумската полиција одземаа пет моторни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва

Од:

Полициски службеници при СВР Штип, во содејство со шумска полиција и претставници од Национални шуми – „Серта“ Штип преземаа мерки со цел спречување на бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, при што при извршена опсервација на подрачјето на селата Шашаварлија, Никоман, Калапетровци, Кошево и Почивало биле пронајдени и одземени пет моторни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а при прегледот на терен биле пронајдени и одземени три моторни пили и еден мобилен телефон, информираат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, велат од МВР и додават дека одземените возила и бесправно исечените дрва се предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот запознаен е јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, појаснуват од полиција.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он